Романците ја одредија најголемата опасност во Македонија: Пандев е многу важен, но Елмас знае да го реши натпреварот

by
1 минути читање

Македонија утре ги започнува квалифиикациите за СП 2022 со гостување во Букурешт. На денешната прес конференција, помошник селекторот на Романија, Николае Дика рече дека Горан Пандев е многу важен играч за нашата репрезентација но дода дека Елиф Елмас преставува најголема опасност.

„Пандев е еден од најважните играчи, извонреден фудбалер, но јас сметам дека Елиф Елмас е најoпасен. Игра во Наполи, во многу силно првенство, знае да направи разлика, да направи шанса или да постигне гол и да го реши натпреварот“ – вели Николае Дика, кој утре ќе биде главен крај аут линијата откако селекторот Мирел Радои е во изолација поради позитивен тест на ковид-19.

„Знам дека Македонија се пласираше на Европско првенство, но тоа не ми значи ништо за овој натпревар. Ние сме фаворити, игарме дома и мораме да излеземе на терен со мисла дека сме подобриот тим и дека можеме да победиме“.

„Мораме да имаме ваков пристап, мораме да бидема амбициозни, да обезбедиме настап на Светско првенство бидејќи долго време не сме биле дел од ваков собир“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани