По изјавата на директорот на Рома, Тиаго Пинто дека не може да гарантира дека Заниоло и по следното лето ќе остане во клубот, се зголемија шпекулациите за неговата иднина.
Договорот на Заниоло со Рома е до јуни 2024 година, а ако не успеат да се договорат за продолжување на соработката тогаш ќе го продадат по крајот на сезоната со цел да не си замине бесплатно по истекот на договорот.
Според актуелниот договор, Заниоло заработува 2,5 милиони евра по сезона, Рома со новиот договор му нуди 4 милиони евра по сезона.
„Газета дело Спорт“ тврди дека раководството на Рома следната недела ќе почне преговори со агентот на Заниоло по што многу работи ќе бидат појасни.
Италијанскиот весник пишува и дека Јувентус веќе го информирале Заниоло дека планираат да инвестираат во него. Тој би требало да биде замена за Дибала кој ќе си замине на лето.
Занило во моментов изгледа среќно во Рома, особено откако Мурињо му ја промени позицијата и од лево крило го прекомандува како партнер во нападот на Абрахам.