Жозе Мурињо бара фудбалер кој ќе го пополни отсуството на повреденот Леонардо Спинацола додека тој се врати од повредата.
Рома се поврзуваше и со Алиоски, но се чини дека тој не е меѓу првите желби на Мурињо. Италијанскиот клуб се обидува да го донесе Алекс Телес.
Со се подобрите игри на Лук Шо, јасно е дека Телес ќе седи на клупата на Јунајтед следната сезона, а таквата ситуација сака да ја искористи Рома.
Според „Скај Спорт Италија“, Рома го бара Телес на позајмица, но Манчестер јунајтед сака перманентен трансфер, целосна продажба на бекот.
Фабрицио Романо вели дека засега зделката е комплицирана поради различните гледишта на двата клуба за реализација на овој трансфер, но Рома ќе се обиде уште еднаш да го убеди Манчестер јунајтед.