635
Се очекуваше лесна победа на Рома со оглед на тоа дека играа со последнопласираната Салернитана, но не беше така.
Студен туш стигна во 22. минута кога Радовановиќ по една комбинација со Рибери од слободен удар постигна гол за водство на Салернитана од 1-0.
По дадениот погодок гостите очекувано со сите сили се бранеа, а Рома се мачеше да го пробие бедемот.
Конечно тоа се случи во 81. минута кога Карлос Перез постигна убав гол за израмнување на 1-1.
Само четири минути подоцна по еден корнер, најдобро се снајде Смолинг кој реализираше за комплетен пресврт и победа на Рома од 2-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.