Поради повредата на Спинацола, Рома е во потрага по нов лев бек, а во моментов прв на листата е Матиас Виња од Палмеирас.
Уругвајскиот бе има и италијански пасош, тој го известил клубот дека сака трансфер во Италија и од таа причина не беше дел од дуелот против Атлетико ГО.
Рома и Палмеирас се веќе во преговори. Италијанскиот клуб нуди 10 милиони евра плус три милионии евра во бонуси и процент од следниот трансфер. Но таа понуда не е прифатлива за Бразилците кои го ценат својот играч на 18 милиони евра.
Сепак се верува дека би прифатиле 12 милиони евра плус 3 милиони во бонуси. Во меѓувреме фудбалерот веќе почнал преговори со Рома за личните услови, понудата до него е четиригодишен договор со околу 1,2 милиони евра по сезона плус бонуси.