Рома сака да го ангажира најлошиот тренер за 2018!?

by
0 минути читање

Според италијанските медиуми, еден од кандидатите за наследник на Ди Франческо е Хулен Лопетеги.

Поранешниот селектор на Шпанија и тренер на Реал Мадрид има година за заборав.

Тој на само два дена пред почетокот на Светското првенство доби отказ од селекцијата на Шпанија, а во Реал Мадрид беше избркан по само три месеци поради лошите резултати.

Навивачите на Рома не се воодушевени од шпекулациите кои велат дека Лопетеги би можел да им биде новиот тренер, но покрај него има и други кандидати како Винченцо Монтела, Пауло Соуса, па дури се споменува и Антонио Конте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани