70
Англискиот напаѓач заработи повреда на зглобот за време на мечот меѓу Англија и Унгарија.
Кога се врати во Италија му беа направени потребните тестови кои покажаа дека нема ниту скршеници ниту оштетување на лигаментите, но имал тежок удар во десниот зглоб.
Во Рома прават се што е можно за да го подготват Абрахам за настап во неделното дерби.
Според „Кориере дело Спорт“, Абрахам оди на физиотерапија, ласерска терапија, текар терапија, магнетотерапиија која користи електромагнетни бранови кои треба да ја забрзаат регенерацијата и анти-инфламаторен процес.
Очекувањата се дека сите овие третмани на крајот ќе дадат резултат и Абрахам ќе биде дел од големото дерби во Торино.