Рома постигна 10 голови во првиот меч под водство на Мурињо (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Вообичаено голем дел од италијанските медиуми подготвителните натпревари ги почнуваат против нисколигаши, па победите им се со голема разлика.

Така стартуваше и Рома. Одиграа меч против Монтекатини од Серија Д и победија со 10-0.

Борха Мајорал постигна хет-трик, по еден гол дадоа Карлес Перез, Џанлука Манчини, Рикардо Калафиори, Николо Заниоло, Никола Залевски и Амаду Диавара. Еден погодок беше автогол.

Следниот пријателски натпревар на Рома е во недела против екипата од Серија Б, Тернана. Нешто посериозен противник, но поважните пријателски средби допрва доаѓаат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×