237
23-годишниот фудбалер летово се поврзуваше со неколку клубови, пред се со Јувентус и Тотнем, но најверојатно ќе остане во Рома.
Заниоло беше одличен на подготовките ова лето, неговата форма стануваше подобра, а тоа го покажа и на мечот против Салернитана иако не ги искористи шансите во кои влезе.
Тој е еден од клучните играчи во тимот на Мурињо и Рома сака да го задржи.
Информациите од Италија велат дека кога ќе заврши преодниот рок, Рома ќе седне на преговори со Заниоло за нов договор.
Двете страни се расположени за продолжување на соработката и се надеваат дека ќе најдат заеднички јазик за висината на платата. Договорот би бил до 2027 година.