Рома нуди 15 милиони евра за Џака

by
1 минути читање

И повеќе од јасно
е дека Гранит Џака од Арсенал е голема желба на Жозе Мурињо во Рома, а како што
известува „Скај Спорт Италија“, клубот од Рим наводно веќе понудил 15 милиони
евра, од кои 3 милиони евра се во бонуси.

Неофицијалните
информации говорат дека 28 годишниот Џака дал зелено светло за преселба во Рим,
а синоќа по одличниот настап против Франција за неговата Швајцарија на
Европското првенство од италијанските новинари беше запрашан дали сака да дава
изјави на италијански јазик.

Италијански? Не,
барем не засега
“ одговори Швајцарецот по шегата од репортерите на „Скај Спорт
Италија“ кои алудираа на неговиот трансфер во најава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×