Одличен старт за Мурињо на клупата на Рома, освоени се првите три бода во сезоната со победа над Фиорентина.
Првото возбудување се случи во 17. минута кога голманот Драговски надвор од шеснаесетникот го фаулираше Абрахам и доби црвен картон. Фиорентина остана со фудбалер помалку.
Во 26. минута по асистенција од Абрахам, Мхитарјан постигна гол за водство на Рома од 1-0.
По седум минути игра во вториот дел силите се израмнија на теренот, Зануоло доби втор жолт картон.
Осум минути подоцна Фиорентина преку Миленковиќ го израмни резултатот на 1-1.
Но радоста на тимот од Фиренца не траеше долго, во 64. минута убаво додавање на Мхитарјан до Абрахам кој асистираше до Верету а тој постигна гол за водство од 2-1.
На десет минути пред крајот Верету постигна уште еден погодок, овој пат по асистенција од Шомуродов кој влезе на местото од Абрахам. 3-1 беше конечниот резултат.