154
Зеки Челик е фудбалер кој треба да ја зголеми конкуренцијата на десната бековска позиција каде Мурињо го има Рик Карсдроп. Тој доаѓа од Лил, а Рома за него плати 7 милиони евра.
„Клубот со задоволство може да соопшти дека потпиша перманентен договор со Зеки Челик. 25-годишниот фудбалер доаѓа од Лил. Тој потпиша четиригодишен договор со трајност до 30 јуни 2026 година“, стои во соопштението на Рома.
Зеки Челик е играч за кој Мурињо се интересираше уште додека беше во Тотнем.
Турчинот ќе го носи дресот со број 19.