Рома категорично ја одби понудата од Арсенал за Ундер, не отстапува од бараната цена

by
1 минути читање

Рома ја одбила
понудата која Арсенал ја доставил за ангажман на Ченгиз Ундер, во висина од 32
милиони евра, а шпекулациите велат дека италијанскиот прволигаш ја поставил
својата посакувана цена за Турчино, и тоа во износ од 50 милиони евра, сума која подолг период се наведува.

Постоеа неколку
информации кои изминатите седмици наведуваа за големиот интере кој го пријавиле
Топчиите за ангажман на 21 годишниот Ундер, за кого Премиерлигашот дури и
испраќал скаути на натпреварите на Рома.

Скаутирање на
Турчинот имало наводно и синоќа во мечот од Лигата на шампионите против Плзењ,
кој Рома го загуби на гостински терен со 2-1, но, од претходно обезбеди место
во елиминационата рунда од тоа натпреварување.

Ундер одлично се
адаптираше во екипата на Рома која имаше фантастична инвестиција во него, засега
тој постигна 5 погодоци и исто толку и асистенции во 19 одиграни натпревари за
Римската волчица, исто така, тој има 5 погодоци во своите 17 досегашни настапи
за селекцијата на Турција.

Како за потсетување, Рома го доведе Ченгиз Ундер пред само една година, и тоа од редовите на Истанбул Башакшехир, а турскиот Суперлигаш за овој трансфер заработи 13,4 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани