Рома ја прекина победничката серија на Наполи, без голови на Олимпико (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Голема борба, неколку големи шанси и исклучување на Мурињо го одбележаа дербито на Олимпико меѓу Рома и Наполи.

Наполитанците ќе направеа клупски рекорд ако дојдеа до деветата победа по ред, но тоа не се случи.

Во 28. минута Абрахам имаше огромна шанса да донесе водство на Рома, излезе еден на еден со Оспина, но шутна крај голот.

Почетокот на второто полувреме и припадна на играчите на Наполи кои се заканија преку Осимен и Марио Руи, но ни тие не успсеаа.

Во 72. минута Манчини биеше со глава, многумина ја видоа топката во голот, но таа помина сантиметри крај стативата. 

На десет минути пред крајот Мурињо доби втор жолт картон и мораше да седне на трибините.

Елиф Елмас во игра влезе во 71. минута, имаше еден шут кон голот на Руи Патрисио, но португалскиот голман го одбрани неговиот удар.

Наполи сега има исто бодови со Милан, Рома остана на четвртата позиција која може да ја загуби ако Јувентус го победи Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани