Рома ја одреди цената на Заниоло, Јувентус ќе треба да плати 80 милиони евра

by
0 минути читање

Николо Заниоло во
последно време се почесто се поврзува со трансфер во Јувентус, но Рома нема
лесно да се откаже од Италијанецот.

Според пишувањата
на Газета дело Спорт, „волчицата“ по крајот на сезоната ќе му понуди нов
договор на офанзивниот фудбалер.

Доколку не биде постигната
согласност за продолжување на соработката, Рома ќе го стави Николо Заниоло на
продажба и ќе бара 70+10 милиони евра, истата сума која Јувентус ја одвои за
ангажман на Душан Влаховиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×