Рома ја декласираше Фиорентина и покажа дека Милан и Јувентус треба да му ја мислат (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Рома славеше со убедливи 4-0 против Фиорентина и стигна до важни три бода во трката за топ четири пласман и место во Лигата на шампиони.

Последните три кола во Серија А ќе донесат интересна битка за местата кои водат во Лигата на шампиони.

Рома ги искористи киксовите на Милан и Јувентус, вечерва ја декласираше Фиорентина со 4-0 и сериозно се наметнува за топ четири пласман.

Манчини ја најави победа со гол во 13. минута, Весли Франка зголеми на 2-0, а Ермосо се погрижи на пауза да се замине со резултат 3-0. Во продолжението од мечот, Писили стрелаше за 4-0 и го постави конечниот резултат.

Со оваа победа, Рома стигна до 64 бода, еден помалку од Јувентус и три помалку од Милан.

Претходно денеска, Лацио со пресврт стигна до 1-2 на гостувањето кај Кремонезе и му направи голема услуга на Лече во битката за опстанок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×