Рома го подготвува теренот за Мурињо, Санчес и Белоти на радарот

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Лил, Ренато Санчес, како и напаѓачот и капитен на Торино,
Андреа Белоти се двата главни таргети на Рома на трансфер пазарот претстојното
лето.

Жозе Мурињо ќе го
преземе кормилото на „Римската волчица“ за новата сезона, а клубот од Рим веќе
ги планира своите активности за преодниот рок.

Се верува дека
португалскиот фудбалски стратег ги пикирал Санчес и Белоти како приоритетни на
листата на желби, 23 годишниот Санчес сезонава запиша 21 настап, на кои постигна
еден гол и две асистенции, а забележа видна улога во Лил, клуб кој е пред титула
во Лиг1, а што се однесува пак до 27 годишниот Белоти, тој на 32 меча сезонава
постигна 12 погодоци, но и 7 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×