Рома е подготвена да го пречека Вајналдум, познати се деталите

by
1 минути читање

Вајнладум во првата сезона ќе игра како позајмен фудбалер од ПСЖ, а Рома ќе има опција за 9 милиони евра да го направи трансферот перманентен. Опцијата за откупи ќе стане обврска за откупи доколку Рома обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Се очекува Вајнландум денеска околу 17 часот да слета во Рим, а потоа да се упати кон Тригорија, тренинг центарот на Рома.

Медицинските тестови се закажани за утре изутрина, а потоа ќе биде потпишан и договорот.

Рома ќе го претстави Вајнладум пред фановите на Олимпико во сабота за време на пријателскиот меч против Шахтар, веќе се продадени 65.000 билети за тој натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани