Роџерс со документарецот „Последниот танц“ за Мајкл Џордан ги мотивира фудбалерите на Лестер

by
1 минути читање

По 29 одиграни кола во Премиерлигата, Лестер е на третото место на табелата. Во продолжение од сезоната натпреварите ќе се играат без публика, па Брендан Роџерс стравува дека тоа може да влијае негативно на мотивацијата на неговите фудбалери и тие да паднат во формата.

Во средината на април кога се опоравуваше од коронавирусот, Брендан Роџерс го изгледал документарецот за Мајкл Џордан и Чикаго Булс, „Последниот танц“ и решил со него да ги мотивира и фудбалерите.

Тој од неговиот кревет испратил видео порака до нив: „Не знам што гледате во слободно време, но ако имате шанса почнете да го гледате „Последниот танц“. Ако сакате да знаете што значи да сте елитен спортист и како се подготвува на врвно ниво, фокус, посветеност да се победува и да се станува подобар, треба да го изгледате“.

Роџерс е импресиониран од серијата, тој ги прочитал и книгите од тренерот на Чикаго Булс, Фил Џексон и е фасциниран како Џексон емоционално влијаел врз играчите. Не само од Џордан, како тој го вадел најдоброто од сите.

„Џордан беше даруван со талент. Но тој го максимизираше својот талент. Неговиот менталитет и се тоа што го правеше за да биде најдобар, треба секој играч да го следи. Се работи за напорот кој го вложува за да биде подготвен, за неговиот менталитет и како страда за да успее“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани