Роџерс ги прокоментира гласините дека ќе го наследи Солшер на клупата на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Оле Гунар Солшер
е под огромен притисок по серијата слаби резултати, се говори дека Манчестер
јунајтед го пикирал Брендан Роџерс како негов наследник, а некои извори дури
шпекулираа и дека двете страни се договориле и само прашање на време е кога
стратегот од Северна Ирска ќе пристигне на Олд Трафорд.

На денешната прес
конференција, новинарите го запрашаа Брендан Роџерс каква е ситуацијата, а тој
порача: „Како прво, големо непочитување е тоа што ми поставувате вакви прашања
со оглед на тоа дека Манчестер јунајтед има тренер, и тоа добар тренер, добар
човек“.

„Како второ, не
можам да кажам ништо бидејќи нема вистина во написите. Горд сум што сум дел од
Лестер. Привилегија е да се биде тука и сум целосно посветен на играчите,
клубот и сопствениците“.

„Не можам да ги
контролирам гласините кои доаѓаат од надвор. Очигледно сето ова е фрустрирачки
за навичите и моите играчи. Сите овие гласини можат да не дестабилизираат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×