Реал Мадрид со 13 титули Европски шампион е најтрофејниот клуб во Европа. Кралскиот клуб ќе има можност да освои уште еден таков трофеј доколку го победи Ливерпул во финалето.
Херојот на Реал Мадрид, 21-годишниот Родриго вели дека сега го сфаќа митот за европските ноќи на Бернабеу.
„По ноќите со ПСЖ, Челси и Сити, ние младите фудбалери ја сфативме причината за митот за европските ноќи на Бернабеу“, вели Родриго.
„Да бидам искрен. Во 89. минута не верувавме дека е можно чудо, во нашите глави мислевме дека сме елиминирани, но мојот гол промени се“.
„Кога го постигнав првиот гол, фановите на Бернабеу ни дадоа крилја. Пред голот во ниту еден момент не помислував дека јас можам да бидам херој во овој натпревар“.
„Знам дека мојот гол против Челси и двата против Манчестер Сити ни помогнаа да стигнеме до финалето, но немаше да стигнеме до него доколку тоа не беше колективно залагање на тимот. Ако ја освоиме 14. титула, тоа ќе биде поради работата на сите. Ние сме обединети“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.