Новата ѕвезда на Барселона, Родри, потврди дека имал разговор со Жозе Мурињо кој го убедувал да потпише за Реал Мадрид ова лето.
Најдобриот фудбалер на Светското првенство, Родри, можеше да бира меѓу Реал Мадрид и Барселона, тој го одбра каталонскиот клуб.
„Жозе Мурињо јавно рекол дека сме имале телефонски разговор? Мислам дека не е негов стил да открива приватни разговори, но тој јасно ја искажа неговата желба да му се приклучам на клубот и ми рече што можам јас да донесам за тимот. Ме третираше навистина многу добро“, рече Родри.
„Кога ја донесов одлуката, му се јавив и му се заблагодарив за интересот и за начинот на кој ме третираше. Мислам дека тој е фантастичен тренер и веќе го докажал тоа во секој клуб кај што бил, има спектакуларна кариера“.
„Не беше лесно да му се каже НЕ на Реал Мадрид, особено не бидејќи ме третираа многу добро. Требаше да разгледам многу работи и да донесам навистина важна одлука во која се инволиврани двата најдобри клубови во светот“.
„Одлуката ја донесов врз база на спортски аспекти, од она што ме возбудува повеќе и каде чувствував дека можам да освојувам повеќе и да напредувам како играч“.
Барселона има фантастичен старт на сезоната, па засега не изгледа дека Родри донел погрешна одлука.