Роднината на Шеикот најавува едно, Леонардо говори за друго

by
1 минути читање

Изминативе денови имаше многу гласини за иднината на Маурисио Покетино, се говореше дека Аргентинецот ќе се пресели во Манчестер јунајтед. Во исто време се пишуваше дека на негово место во Париз ќе пристигне Зинедин Зидан.

Калифа Бин Хамад Ал Тани, роднината на сопственикот на ПСЖ, кој прв најави трансфер на Лео Меси на „Паркот на принцовите“, повторно ја разбранува јавноста со својата нова објава на социјалните мрежи.

„Договорено е. Наскоро и официјално ќе биде потврдено. Добредојде Зизу“ – гласеше неговата порака.

Сепак, спортскиот директор Леонардо говори нешто сосема друго и порача дека нема никаков контакт со поранешниот тренер на Реал Мадрид.

„Не сакаме Покетино да замине. Никогаш не побара да си оди и ниту еден клуб не стапи во контакт со нас да се распрашува за него“ – вели Леонардо.

„Имаме голема почит кон Зинедин Зидан, за она што го направи како играч и тренер, но можам со сигурност да кажам дека сме немале никаков контакт со него и немаше никаков состанок“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×