Робертсон: Нашите офанзивци се платени за да бидат себични

by
1 минути читање

Постоеа сугестии
на темата околу Мохамед Салах и Садио Мане во повеќе ситуации кога офанзивците
едноставно немаат во план да бидат тимска игра на теренот, па сето тоа се
сведуваше на обиди кај двоецот кој ќе погоди, меѓутоа Робертсон тврди дека
тимот функционира одлично во таа насока, и покрај шегата на оваа тема.

Односот помеѓу
офанзивците на теренот е навистина силен, а во однос на играта, постои голема
поврзаност помеѓу сите и сето тоа функционира одлично
“ тврди Робертсон.

Но, овие
фудбалери се едноставно платени за да бидат себични, потребно ни е од нивна
страна да постигнуваат голови и да преземаат одредени ризици во завршницата,
сега во таа категорија е воедно и Диого Жота, кога тие се пред противничкиот
гол, ние очекуваме да погодат
“ додава Шкотланѓанецот.

Постоеа повеќе
моменти кога луѓето велеа дека Фирмино можел да додаде, Садио исто, или Салах,
но овие момци се платени за да носат одвоени одлуки и да постигнуваат голови за
нас, дополнително, тука е секако и Жота, станува збор за одличен избор во
офанзивниот ред, одлични фудбалери кои го кренаа тимот на едно повисоко ниво

заклучи Робертсон. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×