Легендарниот
италијански фудбалер Роберто Баџо открива што го убедило да даде зелено светло
за снимање на филм околу неговиот живот и негово претставување општо како
личност, а откри и анегдота околу неговиот добро препознатлив стил на фризурата.
Денеска на
пресконференцијата за филмот кој ќе се најде на „Нетфликс“ на 26 мај,
присуствуваше и самиот Роберто Баџо, а тој не криеше дека не бил целосно среќен
за целокупната идеја на почетокот.
„Доколку сево ова
зависеше само од мене, секако јас не би го сторил ова, бидејќи почувствував
дека е помалку срамота, а најмалку интересна сторија, мојот менаџер Виторио
Петроне ме убеди за оваа идеја“ изјави Баџо, а во филмот има и детали од
неговото детство, но и комплицираниот однос со неговиот татко.
„На почетокот го
видов мојот татко како непријател, меѓутоа, тој ги постави темелите за јас
никогаш да не се предадам, чувствувам голема благодарност кон него“ додаде тој.
„Понекогаш ние не
ја разбираме љубовта и заштитата која ја добиваме од нашите родители, понекогаш
не разбираме што се’ прават
тие за нас додека сме деца, но со текот на времето учиме од нивната гледна
точка, познавам многу луѓе кои имале проблеми со своите родители, се надевам и
тие исто така можат да го реобноват односот“ нагласи Баџо, кој откри и детали
како се случи легендарната фризура за време на Мундијалот во САД кој се одржа
во 1994 година.
„Во хотелот имаше
црномуреста келнерка со прекрасни плетенки на косата, разговаравме и за неколку
часа токму таа ми ја среди косата во тој стил, беше забавно, навистина“ откри
Баџо.