Роверт Просинечки повеќе не е селектор на Киргистан. Тамошниот фудбалски сојуз објави дека е договорен спогодбен раскин на соработката.
„Киргискиот фудбалски сојуз му се заблагодарува на Роберт Просинечки за сработеното, придонесот во развојот на репрезентацијата и професионалноста“, објавија од сојузот.
Според тврдењата на порталот „Eurasia Football“, до раскинот дошло бидејќи Киргискиот фудбалски сојуз сакал да измени одредени ставки и услови во договорот со Просинечки. Хрватскиот стратег не се согласил со тоа, па било договорено прекинување на соработката.
Просинечки го презеде Киргистан во декември минатата година, но не ја водеше репрезентацијата на ниту еден официјален натпревар. Водеше четири пријателски натпревари, на кои забележа две нерешени средби против Палестина, како и порази од Екваторијална Гвинеја и Мадагаскар.
Киргистан беше четвртиот селекторски ангажман на Просинечки. Претходно ги водеше Азербејџан, Босна и Херцеговина и Црна Гора.