Чави сака да
направи големи промени ова лето и има идентификувано неколку засилувања, медиумите
најчесто шпекулираат со Роберт Левандовски, Жил Кунде, Рафиња и Бернардо Силва.
Но клубовите немаат намера лесно да се откажат од играчите, се шпекулира дека Баерн
бара најмалку 50 милиони евра за Левандовски, Севиља бара 60+ милиони за Кунде,
Лидс бара и до 75 милиони евра за Рафиња, додека пак Манчестер Сити постави
цена од 80 милиони евра за Бернардо Силва.
„Каталонците“ се
во финансиска криза и пред да тргнат во офанзива, треба да продадат дел од
имотот, а и тогаш е прашање колку ќе можат да инвестираат во нови имиња.
Кандидатот за
претседател на Барселона и ривал на Жоан Лапорта, Тони Фреираш денеска се
огласи на социјалните мрежжи и испрати зајадлив коментар.
„Знаете дека нема
да го ангажирате ниту Левандовски, ниту Кунде, ниту Рафиња, ниту Беранандо Силва?
Го знаете ова, така?“ – напиша Фреиша.