Ривалите можат драстично да го ослабнат Њукасл ова лето, неколку ѕвезди на клубот „Сент Џејмс Парк“ се на мета и можат да си заминат дури пет ѕвезди.
На Њукасл му се заканува егзодус ова лето ако се точни написите на медиумите од „островото“.
Ентони Гордон веќе го напушти клубот, се пресели во Барселона во зделка вредна околу 80 милиони евра.
По неговите стапки можат да тргнат и Сандро Тонали, Бруно Гимараеш, Тино Ливраменто и Луис Хол.
Се говори дека Сандро Тонали веќе се договорил со Тотнем, ќе стане далеку најплатениот играч на „спарси“ со неделни примања од околу 285.000 фунти и чека двата клуба да најдат компромис за висината на трансферот. Клубот од Северен Лондон понуди 75-80 милиони фунти, но Њукасл бара околу 100 милиони фунти.
Денеска се појавија и информации кои велат дека Арсенал отворил преговори за ангажман на Бруно Гимараеш, тропнал на вратата со предлог вреден околу 55 милиони фунти. И оваа понуда била веднаш одбиена, но се најавува дека „топчиите“ ќе се вратат со нова подобра.
Манчестер јунајтед пак го мерка Луис Хол, и е во постојан контакт со неговите агенти, а левиот бек се наоаѓа и во бележникот на Челси.
Тино Ливраменто пак е на списокот на Манчестер Сити за засилување на десната бековска позиција и се очекува „граѓаните“ да ги интензивираат напорите во следниот период.