166
Поранешниот
бразилски фудбалер Ривалдо застана во одбрана на својот сонародник и член на
Манчестер јунајтед, Фред, за кого има низа дилеми околу неговата игра во дресот
на „Црвените ѓаволи“.
Ривалдо, баш
напротив, смета дека на Манчестер јунајтед му се потребни повеќе фудбалери како
Фред.
„Манчестер
јунајтед постојано добива критики поради тоа што нема добар пресинг во својата
игра кон своите противници, а Фред постојатно дава максимум од себе во тој
поглед“ смета Ривалдо.
„Фред постојано
врши пресинг врз противниците, ова е менталитетот на кој сите фудбалери на
Манчестер јунајтед мораат да се адаптираат“ додаде легендарниот Бразилец.