Поранешниот
фудбалер на Барселона, како и бразилски репрезентативец, Ривалдо во анализата
која ја даде за претстојните натпревари викендов во Примера, говореше и за
ситуацијата во која се наоѓа фудбалерот на Реал Мадрид, Иско.
Иско се соочува
со притисок во редовите на шпанскиот гигант, за него се шпекулира дека е на
излезна врата од клубот, а извесно е дека не е во добри односи со новиот тренер
Сантијаго Солари, кој често го изоставуваше од составот.
Ситуацијата се
чини кулминираше со свирежите од навивачите во дебаклот на Реал Мадрид во
поразот од ЦСКА Москва оваа седмица со 0-3 во Лигата на шампионите, а реакции
кон фановите имаше и самиот фудбалер.
„Иско е одличен фудбалер,
но, кога екипа како Реал Мадрид загуби 0-3 на домашен терен од ЦСКА, дури и да
сте квалификувани за следната фаза од тоа натпреварување, тоа не поминува
добро. Иско ја плати цената во таа ситуација, бидејќи тој е под будно око
следен од навивачите, сепак, тој треба да гледа само напред, да мисли на
следниот натпревар и да заборави на таа ситуација“ смета Ривалдо.
„Доколку мене ме
прашате за тоа дали би сакал да го видам во дресот на Барселона, би кажал да,
се разбира. Тој е фантастичен фудбалер и мислам дека одлично би се адаптирал во
Барселона. Сепак, во секој случај морам да напоменам дека тоа би било
комплицирана ситуација, тешко е да се замисли дека клубови на ниво на ривалитет
како тие два да преговараат за трансфер на еден од нивните најдобри фудбалери“
заклучи легендарниот Бразилец во анализата за Бетфер.