Ристовски тренира одвоено од тимот на Спортинг, Македонецот е пред заминување

by
0 минути читање

Според португалскиот медиум „О Жого“, тренерот Рубен Аморим не бил задоволен од залагањето на тренинзите на Стефан Ристовски и затоа не го ставил во составот за претходните средби.

Ристовски незадоволен од таквата одлука, бурно реагирал по што бил отстранет од тимот и деновиве сам тренирал.

Раководството на Спортинг Лисабон му дало поддршка на тренерот Аморим и сега бараат клуб кој ќе го купи Ристовски до крајот на преодниот рок кој истекува во пенделник.

Ристовски претходно се поврзуваше со клубови од Бундеслигата и Серија А, а има шпекулации и за интерес од Бешикташ и Ваљадолид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани