Ристовски со солзи во очите: Бев тука и кога бевме на дното, поминавме низ тешки моменти, сега ми е полно срцето, јас сум горд Македонец (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Стефан Ристовски е еден од репрезентативците со најдолг стаж, во селекцијата беше и кога никој не помислуваше дека можеме да се пласираме на големо натпреварување, па емоциите кај него се големи.

„Бев заменет околу пет минути пред крај, судијата даде четири минути продолжение. Седнав и си реков, дали е ова реално, уште четири минути не делат од Европско. Кога свирна крај, право истрчав кај Горан, кај него таа прегратка ја споделив прв и после слајвето продолжи. Имам некои црни точки, не се ни сеќавам, емоциите беа измешани, дали да плачеш, дали да се радуваш. Јас сум тука од првиот ден со селекторот Игор Ангеловски, бев и пред него, тука го имам допрено и дното и стигнав до Европско. Стварно е голем успех во една кариера, горд сум што сум дел од ова. Драго ми е за сите дечки, за Горан, за селекторот кој веруваше од прв ден, стварно створи една хемија, една верба во нас. Ова го зборувам од срце, бидејќи стварно поминувавме низ тешки моменти, Градскиот стадион беше константно празен, делење од фамилија, патувања…. вака од надвор како гледач многу е лесно да коментираш, но кога си внатре тука, многу е тешко, но ете успеавме, успеавме и јас мислам дека ќе бидам горд до крајот на животот, полно ми е срцето и можам да кажам дека сум горд Македонец“, вели Стефан Ристовски во интервјуто за ФФМ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани