81
Динамо Загреб синоќа приреди големо изненадување, го елиминираше Тотнем од Лига Европа. За Жозе Мурињо ова беше големо разочарување, но Португалецот покажа класа и влезе во соблекувалната на „модрите“ за со аплауз да ги награди победниците.
Тој исто така нашол и време за раговор со нашиот Стефан Ристовски кој доби и подарок, опрема од „специјалниот“ со посвета.
„Светот на фудбалот научи многу од тебе и јас имав прилика лично да се сретнам со тебе и да ја почувствувам твојата големина. Ти благодарам за овој незаборавен момент“ – напиша Македонецот на социјалните мрежи.