107
Спортинг Лисабон вечерва
гостуваше кај својот голем ривал Порто во редовното коло од португалската
Примера, но се враќа со пораз од 2-1.
Нашиот репрезентативец и
член на тимот од Лисабон, Стефан Ристовски одигра 67 минути на средбата по што
беше заменет со Рубен Рибеиро, но не остави голем впечаток кај Жорге Жезус кој
се реши од првата минута да почне со Македонецот кој во 49. минута му „кумуваше“
на голот за победа за противникот.