63
Елиф Елмас е во трка со времето да се опорави за утрешниот дуел со Австрија, фудбалерот на Фенербахче има незгодна повреда на скочниот згбол.
„Ристовски ќе настапи бидејќи се работеше само за грчеви, Елмас има оток на скочниот зглоб, 70% се шансите да не настапи, 30% да настапи“, изјави Игор Ангеловски.
Ослабена ќе биде и Австрија, Алаба сигурно не доаѓа во Скопје, а има најави и за отсуство на други играчи.
„Алаба со сигурност нема да допатува, тоа е потврдена информација од нивната федерација. Имаат некои играчи што се и под знак прашалник“.