Ристовски беше исклучен на дербито против Хајдук, па им се извини на навивачите на Динамо (ФОТО)

by riste
2 минути читање

Големото дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук заврши 2-2, а Стефан Ристовски заработи два жолти картони и го остави својот тим со фудбалер помалку.

Ристовски и Адеми беа стартери, но од различни причини не го завршија натпреварот.

Адеми поради повреда излезе во 28. минута, а Ристовски доби жолти картони во 55. и 62. минута и беше исклучен при водство на Динамо од 2-1.

А мечот почна одлично за Ристовски по негова асистенција Батураина даде гол за водство од 1-0 уште во петтата минута.

Фрањиќ си даде гол во 31. минута, а по три минути игра во вториот дел Пјер Габриел го врати водството на Динамо.

Хајдук половина час играше со фудбалер повеќе и тоа го искористи во 91. минута кога преку Кровиновиќ изедначи на 2-2.

По натпреварот Стефан Ристовски се извини на навивачите на Динамо Загреб преку социјалните мрежи.

„Овојпат сакам да се извинам на соиграчите и навивачите што заработив исклучување на овој важен натпревар. Секогаш давам се од себе и секој дуел го играм со желба за да му помогнам на тимот. Денеска за жал тоа резултираше со исклучување со кое ја отежнав работата на своите соиграчи. Можам само да се извинам и да ветам дека нема да се предадеме. Додека постои и најмала шанса за одбрана на титулата, нема да се откажеме“, напиша Ристовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани