Ришарлисон со провокација до Аргентинците (ФОТО)

by
1 минути читање

Мартинез,
Буендиа, Ромеро и Ло Селсо се обидоа да го заобиколат правилото за карантин од
14 денови при влезот во Бразил поради фактот што доаѓаат од Велика Британија,
па „Гаучосите“ тргнаа со таа четворка уште во почетниот состав за мечот со
Бразил.

Бразилските
власти не отстапија од тоа правило, па го прекинаа синоќешниот меч со тоа што
четворицата горе наведени беа подложни на депортација, иако и повеќе од јасно е
дека вина имаат обете страни, прво Аргентина која се обиде да го „манипулира“
системот, а второ и домаќинот Бразил кој чекаше да почне мечот за да реагира.

Како и да е,
ѕвездата на Евертон и бразилски репрезентативец Ришарлисон, иако поради
забраната од својот клуб да замине на интернационалната пауза, не се воздржа, а
да не реагира на социјалните мрежи, тој ги провоците Аргентинците дека го
загубиле „мечот“ со Анвиса (бразилските здравствени власти).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани