75
22-годишниот десен бек на Челси потекнува од школата на овој клуб. Тој покажува импресивни партии, па неговото име од време на време поврзува и со некој друг клуб.
Сепак Рис Џејмс не планира да си замине, барем не во блиска иднина.
„Сакам долго да останам во Челси. Пораснав како фан на Челси и си направив име играјќи тука, клубот секогаш ми давал поддршка“, вели Џејмс.
„Не гледам зошто би правел промена. Играм за Челси и уживам во тоа“.