71
„Скај Спортс“ дознава дека Рио Фердинанд е еден од кандидатите за спортски директор на Манчестер јунајтед. Клубот разговарал со неколкумина, меѓу кои и тој.
Извршниот директор на Јунајтед, Ед Вудвард имал состанок со Фердинанд и сака да го финализира назначувањето пред почетокот на новата сезона.
Јунајтед сака човек кој разбира како функционира клубот, а тоа го прави Фердинанд еден од фаворитите. Тој помина 12 години како играч на Олд Трафорд.
Логично е Манчестер јунајтед ако сака спортски директор да го назначи уште во мај бидејќи таа функција ја сноси и најголемата одговорност за трансферите а летниот преоден рок започнува во јуни.