987
Доаѓањето на Клаудио Раниери на клупата на Рома донесе подобри резултати и оптимизам во главниот град на Италија.
Под водство на 73-годишниот стратег Рома веќе освои 30 бодови и од тешка позиција, сега тимот е во сериозна борба за местата кои водат во Европа.
Освен тоа Рома стигна и до осминафиналето во Лигата на Европа каде што ќе се сретне со Атлетик Билбао.
Според договорот со челниците на клубот, Раниери треба да остане само до крајот на оваа сезона, а потоа да преземе директорска улога.
Бројни познати тренерски имиња се поврзуваа со Рома, но клубот веќе ја разгледува можноста да му понуди нов договор за сезоната 2025/2026. Ваквата информација навивачите секако ја дочекаа со големо воодушевување.