592
По историскиот успех кој го направи со Интер, Мурињо има голема репутација во Италија. Од следната сезона тој се враќа на „чизмата“, овој пат како тренер на Рома.
Рома има голема армија на фанови кои во последно време не се израдувале на некој сериозен успех. Тие во Мурињо гледаат тренер кој може да им донесе посветли денови.
Португалецот се уште не пристигнал во Рома, но Рим лудува по него.
Брзо откако беше објавено дека тој ќе биде нов тренер на Рома, беше нацртан мурал на еден од ѕидовите во градот.

Неколку дена подоцна се појави посебен сладолед во чест на Мурињо.

А последно е пиво со ликот на Португалецот како римскиот император Цезар.

Останува да видиме што ќе биде следно.