Црвена звезда со 2-3 загуби на гостувањето кај Лугано во Швајцарија, а тренерот на црвено-белите, Алберт Риера беше бесен по натпреварот.
Српскиот тим имаше водство од 2-1 до 84. минута, но Лугано даде два гола во финишот и ги освои трите бода.
„Катастрофа. Ќе се обидам да останам смирен, тимот има потреба од мене, но УЕФА мора да истражи што се случи. Можеби не нè сакаат во Европа“, кажа Риера.
Риера потсети и на претходната европска елиминација на Црвена Звезда.
„Ќе барам истрага, треба овие ситуации да бидат истражени. Бевме елиминирани од Лига Европа поради пенал кога голманот падна сам, а сега загубивме поради скандалозен пенал“, вели стратегот на српскиот клуб.
На натпреварот настапи и македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров, кој запиша асистенција.