Риека не дозволи драма: Го победи Славен Белупо за титула во Хрватска!

by Стефан
0 минути читање

Фудбалерите на Риека не дозволија изненадување и со победа против Славен Белупо од 2-0 ја потврдија титулата во домашното првенство.

Победи денеска славеа и Динамо Загреб и Хајдук со по 1-0 во дуелите против Шибеник и Вараждин, па така немаше никакви промени на врвот во однос на ситуацијата пред ова коло.

Риека победата ја обезбеди со погодоците на Јанкович во првото полувреме и Фрук во второто.

Сезоната Риека ја завршува со 65 бода, исто како и Динамо на втората позиција, додека Хајдук е трет со два помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани