Дефанзивецот на Челси кој оваа сезона игра во фантастична форма, од лето е слободен играч, а веќе од јануари може и официјално да преговара со други клубови.
Интересот за него е голем, понуди стигнуваат од сите страни, наводно негов приоритет е да остане во Челси, но доколку сините не му дадат понуда каква што сака, ќе замине.
Дел од медиумите пишуваат дека агентот на Ридигер веќе има почнато преговори со Манчестер Сити и Тотнем кои сакаат да го видат германскиот репрезентативец во своите редови.
Ако Челси не успее да го задржи, веројатно помалку лоша варијанта за нив е тој да замине надвор од Англија. Таму засега има интерес од Реал Мадрид, Јувентус и ПСЖ.
Како и да е, Ридигер ќе биде на слатки маки да ја избере својата следна дестинација.