Рибери и во новата сезона ќе биде дел од Серија А

by
1 минути читање

Франк Рибери е
без клуб откако му истече договорот со Фиорентина, а се верува дека Сампдорија
ќе биде неговиот иден клуб во новата сезона.

Сампдорија
наводно е подготвена да му понуди на францускиот ветеран шанса да остане во
Серија А и покрај фактот што тој веќе има 38 години, а идната година во април
ќе наполни и 39.

Се споменува и
Лацио како една од заинтересираните екипи за потписот на Рибери кој во дресот
на Фиорентина одигра 50 настапи, на кои постигна и 5 погодоци.

Неофицијалните
информации кои ги пишуваат дел од италијанските медиуми, велат дека Рибери бара
годишна плата од 4 милиони евра, меѓутоа, доколку посакува да игра за Сампдорија, ќе мора да се согласи на еден милион помалку од тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×