Ретко се гледа ваков хаос на терените: Полицијата пукаше во воздух за да ги смири фудбалерите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На натпреварот помеѓу Олимпико до Монтижо и Виторија Сетубал Б во ниските лиги на Португалија се случи голем хаос. По крајот на натпреварот настана масовна тепачка во која беа инволвирани фудбалерите, тренерите, директорите и фановите.

Полицијата сметаше дека работите излегле од контрола па пукаше во воздух за да ги смири страстите.

Тренерите имаа различен став за тоа што се случуваше, предводник на Виторија Сетубал рече: „Доколку полицијата не пукаше во воздух ќе завршеше лошо“.

Но неговиот колега од Олимпико до Монтижо не се сложува со ова: „Понекогаш тимовите губат контрола над емоциите. Денеска фудбалерите, тренерите и директорите влегоа во конфликт, имаше агресија, но мислам дека полицијата загуби контрола. Имало и полоши тепачки од оваа, но не сум видел полицијата да испука 10 куршуми во воздух“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани