Рестартот во Италија почнува со дуелот помеѓу Аталанта и Сасуоло, и тоа поради две причини

by
1 минути читање

Серија А ќе се
врати на програмата идниот месец, и тоа со дуелот помеѓу Аталанта и Сасуоло,
кој е предвиден да се одигра во Бергамо на 19. јуни, известува „Скај Спорт
Италија“.

Италијанскиот
фудбалски шампионат продолжува без публика, што е сосема логично, меѓутоа, иако
министерот за спорт на таа земја, Винченцо Спадафора го наведе 20. јуни како
датум кога би се вратиле фудбалските возбудувања во Серија А, а една седмица
претходно би бил комплетиран купот, сепак, „Скај Спорт Италија“ тврди дека тоа
би се случило 24 часа пред наведениот датум.

Натпреварот кој
се споменува е опишан како симболичен, и тоа поради две причини кои го прават
симболичен, првата причина е поради фактот што Бергамо беше епицентарот на
пандемијата со коронавирусот во Италија, а токму таму би се одиграл првиот меч
во предвидениот рестарт на сезоната.

Втората причина
што ја наведува медиумиот е фактот што 
Сасуоло е последната екипа заедно со Бреша која одигра меч во Серија А пред
фудбалот да биде суспендиран поради коронавирусот.

Како за
потсетување, на последниот меч во Серија А пред суспензијата, Сасуоло на
домашен терен со 3-0 го совлада тимот на Бреша, а напаѓачот Франческо Капуто
еден од неговите два гола го прослави со порака кон навивачите на која беше
испишано
: Сеќе биде во ред, останете дома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×