Арон Ремзи по
цели 11 години на лето ќе си замине од Арсенал, откако потпиша четиригодишен
договор со Јувентус, каде ќе замине како слбоден играч на трансфер пазарот
поради тоа што неговиот договор со Премиерлигашот истекува токму на лето.
Велшанецот се
подготвува за неговиот нов, голем предизвик во кариерата, а по долги години дел
од редовите на Арсенал, упати писмо до навивачите на таа екипа, на кои им се
заблагодари на максималната поддршка која ја имал во текот на годините.
„Би сакал да
упатам лично соопштение до сите навивачи на Арсенал кои беа максимално лојални
кон мене, а воедно и ме поддржуваа во мојата кариера. Вие ми посакавте
добредојде како тинејџер, бевте заедно со мене во убавите, но и тешки моменти
кои ги минав во кариерата“ посочи Велшанецот.
„Со тешко срце си
заминувам од Северен Лондон, по цели 11 години, ви благодарам. Ќе продолжам да
му давам на овој тим 100% поддршка и се надевам дека сезонава ќе ја завршиме на
одличен начин пред да си заминам во Торино“ порача Ремзи.