160
Јувентус наводно
си подал рака со Глазгов Ренџерс за позајмица на Арон Ремзи до крајот на
актуелната сезона во тимот од Шкотска.
31 годишниот
Велшанец стартуваше на само еден меч во дресот на „Старата дама“ во Серија А
оваа сезона, а му беше кажано лично од тренерот Масимилијано Алегри дека не е
во неговите планови.
Ремзи имаше и
понуди од клубови во Премиерлигата, меѓутоа се верува дека самиот фудбалер ги
одбил истите, а договорот со Глазгов Ренџерс е позајмица со опција и за целосен
откуп на неговиот договор со Јувентус, кој инаку истекува идната година.