Ремонтот во ПСЖ ќе почне од Леонардо

by
1 минути читање

Спортскиот директор, Леонардо кој е задолжен за создавање на тимот, ги брои последните денови во клубот, пишуваат француските медиуми.

Ал Калаифи не е задоволен од неговата работа, клубот троши многу, а никако не може да се оствари главната цел, освојување на Лигата на шампионите.

Евентуалното, но многу реално заминување на Мбапе од клубот е уште еден удар за Леонардо кој не успева да ја убеди главната ѕвезда на клубот да потпише нов договор.

Прв кандидат за наследник на Леонардо е Фабио Паратичи кој во моментов ја извршува истата работа во Тотнем.

Се шпекулира дека веќе некое време постојат разговори меѓу ПСЖ и Паратичи, но нејасно е дали тој ќе биде убеден да го прекине проектот кој го има со Конте и да се пресели во францускиот клуб.

Паратичи пред да отиде во Тотнем, беше спортски директор на Јувентус.

ПСЖ го очекува бурно лето со многу промени. Клубот ќе кова нова стратегија, со нов спортски директор кој ќе ја има истата задача, да се освои Лигата на шампионите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×